Како што пренесуваат медиумите во Србија и Црна Гора, прославениот Веселин Вујовиќ си најде нов ангажман и ќе биде селектор на ракометната селекција на Катар. Официјалната промоција ќе се изврши утре.
Познато е дека Вујовиќ досега тој како селектор ги предводеше репрезентациите на Македонија, Србија и Црна Гора, Словенија и Иран. Ова ќе му биде негов петти селекторски ангажман.
Вујовиќ кој е миленик на “Комитите“ уште кога беше тренер во Вардар, ќе го наследи на селекторската функција на Катар Дарко Тавриќ кој беше само привремено решение откако претходно си замина славниот Валеро Ривера.