“Меси и Кристијано се далеку зад Роналдо!“

636

Меси или Кристијано Роналдо, таа полемика околу тоа кој е подобар, кој е најдобар. И тоа ќе биде вечна полемика, иако бројките покажуваат дека Лео е најдобриот во историјата,сепак има и такви кои велат дека Португалецот бил подобар.

За Оливер Кан, иконата на германскиот фудбал, секако еден од најдобрите голмани во историјата, еден друг фудбалер е подобар од овие двајцата.

За мене Роналдо е најдобриот фудбалер кој некогаш сум го гледал. Секоја чест за Меси и Кристијано, но тие се далеку зад Бразилецот. На него сеуште гледам како најкомплетен фудбалер кои некогаш играл“ вели Кан.

Да, за него Назарио да Лима Роналдо бил најдобар, но најопасен по неговиот гол бил Инзаги:

Роналдо е најдобриот ама Инзаги најмногу ме иритираше. Секако дека не е некој супер шампион, но секогаш ми даваше голови. Секогаш“ искрен е Кан.

ПретходноФантастично: Дали е ова голот на годината?! (ВИДЕО)
СледноБрајтон го објави рекордниот транфер