Вечерва во рамките од плеј-офот за Лигата на шампионите, последниот филтер пред групната фаза, ќе се соочат Динамо Загреб и Карабах. Првиот меч е на „Максимир“, а Ристовски и Адеми ќе се обидат повторно да бидат дел од елитното европско клупско натпреварување.
„Модрите“ влегуваат во супер форма, по три победи во домашното првенство и решени трансферни и кадровски прашања. Тренерот Сергеј Јакировиќ имаше време да ги воигра неколкуте важни засилувања како Ммае, Торенте, Пјаца и Кордоба.
Минатата сезона составот од Загреб се сопна во третото квалификациско коло од АЕК Атина, но затоа потоа стигна до осминафиналето на Лига Европа. Динамо е фаворит во овој двомеч, Карабах ќе бара изненадување, а оваа екипа минатата сезона имаше успешни настапи во Лига Европа откако испадна од квалификациите за ЛШ. Ја мина групата и стигна до осминафиналето каде што загуби од Баер Леверкузен, освојувачот на трофејот.
Оваа сезона ги елиминира Линколн со вкупни 7:0, а во следното коло поразот од Лудогорец на домашен терен од 1:2, го надополни со победата во Разград со 7:2 по продолженијата (3:2 во регуларниот дел).
ВЕЧЕРВА ИГРААТ
БОДО/ГЛИМТ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 21 ч.
ДИНАМО З. – КАРАБАХ 21 ч.
ЛИЛ – СЛАВИЈА ПРАГА 21 ч.