Проблем за Столе, Мамардашвили останува во Валенсија!

398

Македонскиот голман Столе Димитриевски ќе се соочи со проблем во смисол на минутажа во Валенсија бидејќи минатосезонскиот чувар на мрежата Георги Мамардашвили ќе остане во клубот.
Имено, Валенсија преговара со Ливерпул околу трансферот на Грузиецот на „Енфилд“, но бидејќи „Црвените“ го имаат Алисон на голот ќе го откупи за 30 милиони евра со тоа што ќе го остави на „Местаља“ на желба на Валенсија.
Инаку, Ливерпул планираа уште ова лето да го купат овој голман, а потоа да го испратат во Борнмут. Но Валенсија побарала тој да остане.
Па нашиот голман се најде во проблем. Тој отиде во Валенсија како замена за Мамардашвили затоа што Валенсија планираше да го продаде.

ПретходноКомо се засилува со уште еден ветеран, сака да донесе играч на Барселона
СледноИ тоа го има: Два тима еден против друг, а ист тренер!