Од Бразил ни доаѓа гол кој секако дека ќе биде кандидат за гол на годината, за наградата “Пушкаш“ која ФИФА ја доделува на играчот кој ќе биде стрелец на најспектакуларниот погодок во една година.
Утринава на мечот Крузеиро – Виториа во Бразил, кој заврши со резултат 2:2, домашниот напаѓач Алерандро постигна неверојатен гол со ножички, кој секако дека треба да се види во повеќе наврати.
Нема што, спектакуларно.
Сепак ни тие 2:0 не беа доволни домашните да слават зошто до крајот на мечот гостите постигнаа два гола за конечни 2:2.
Сепак во сеќавање ќе остане мајсторијата на Алерандро.
MEU DEUS DO CÉU
O GOL DE BICICLETA DO ALERRANDRO
— DataFut (@DataFutebol) August 19, 2024