Ајакс објави дека нов играч на тимот е централниот бек Даниеле Ругани кој доаѓа од Јувентус. Се работи за позајмица до 30 јуни 2025 година.
Ругани е дел од Јувентус од 2015 година, а притоа играше на позајмица во Емполи, Рен и Каљари. Повремениот италијански репрезентативец има договор со Јуве до 2026 година, а оваа сезона ќе нема многу шанса за игра, па клубот го испрати во Ајакс.
„Не можев да спијам минатата недела, но сега знам дека сум тука и е многу поубаво отколку што замислував“, изјави Ругани.