Мареска: Не работам со 42 играчи, туку сo 21, за другите не ми е гајле

3032

Челзи повторно е активен на трансферниот пазар и повторно реализираше скапи трансфери, па бројот на играчи на „Стемфорд Бриџ“ се зголемува. Во Англија се шегуваат дека Челзи на гостувањата оди со трикратен автобус или со повеќе автобуси за да ги пренесе сите играчи за натпреварот.

На тренерот Енцо Мареска не му се допаѓаат ваквите коментари. „Сините“ разочараа минатата сезона и покрај тоа што беа ангажирани скапи играчи, а на стартот на новата сезона изгубија од Манчестер Сити.

Не работам со 42 фудбалери, туку само со 21 фудбалер (на тренинзите на првиот тим). Останатите тренираат одвоено и не ги гледам. Не е толку хаотично како што изгледа од страна. Некои играчи може да имаат и 20 години долги договори, не ми е гајле. Не ги гледам кај мене. Работам само со 21 фудбалер“, изјави Мареска.

Кога сме кај Челзи, Мареска посочи дека Рехим Стерлинг и Бен Чивлел можат да си побараат нови клубови.

Тие тренираат надвор од првиот тим. Зборував со нив и јасно е дека е невозможно на сите да им дадам минути кои ги бараат. Засега е најдобро за нив да си заминат, а ако не успеат да најдат нови клубови ќе останат овде“, додаде Мареска.

ПретходноНоер, сепак, нема да игра на СП 2026 – стави крај на настапите за Германија
СледноДознаваме: Јасмин Мециновиќ е нов фудбалер на Вардар!