Откако стана јасно дека Илкај Гундоган е пуштен да си оди и тоа поради Дани Олмо да биде регистриран за Барселона, сепак нема крај на проблемите во каталонскиот гигант. За раководството на Барселона интенција, сега откако се ослободи од Германецот, е да го регистрира Олмо.
Но дали ќе може?
Барса сеуште го нема потврдено фамозното правило „1:1“. И затоа ако веќе Олмо би го “протнала“ тогаш не може никако да ги ангажира Рафа Леао или на пример Нико Вилијамс. И затоа овој вториот отпадна од списокот засилувања ова лето.
Португалецот од Милан е премногу скап, и затоа сега се прават напори барем да дојде Федерико Киеза од Јувентус.
Интересно. Се мислеше дека со “откачувањето“ на Витор Роке би се ослободило едно место за некој нов играч, но и таа варијанта е невозможна зошто тој не бил регистриран како играч на Барса.
Едноставно нема крај на проблемите во Барса.