Аврамовиќ не оди во НБА туку во ЦСКА Москва

147

Српскиот кошаркарски репрезентативец, Алекса Аврамовиќ по одличните настапи на Олимписките игри во Париз направи трансфер. Иако многумина очекуваа тој да заигра во НБА лигата, сепак, тоа нема да се случи, ќе остане во Европа поточно ќе игра за ЦСКА Москва.

Неговиот менаџер Мишко Ражњатовиќ потврди дека Аврамовиќ од Партизан ќе се пресели во ЦСКА. Инаку тој има играно надвор од Србија и тоа во италијански Варесе и шпанските Малага и Естудијантес.

ПретходноТомче Гроздановски не е веќе фудбалер на Работнички!
СледноШокантно: Гатузо во Хајдук зема 2,4 милиони евра годишно, а тренерот на Динамо четирипати помалку!