Американски тенисер го нападна Синер: АТП го штити за да си ги спаси изворите на приходи!

1150

Искусниот американски тенисер, Тенис Сандреген се огласи откако вчера во јавноста се појави веста дека моментно најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер, имал дури два позитивни допинг теста во март оваа година, но не бил дисквалификуван.

Според информациите потврдени од Меѓународната агенција за тениски интегритет, Синер бил позитивен на супстанцата клостебол. Според Агенцијата, тој не бил дисквалификуван затоа што членовите на истата сметале дека супстанцијата влегла во телото на Синер поради фактот што неговиот физиотерапевт применил лек со оваа супстанца на расекотина на неговата раката, а потоа го масирал Синер.

„Ова е смешно. Мнооогу смешно. Дали можете да добиете забранети, пасивни стероиди преку масажа??? АТП отсекогаш внимавал на своите извори на приходи. Тоа е очигледно добро за бизнисот, но лошо за транспарентноста и правичноста во спортот“, рече Американецот.

ПретходноЛШ: Динамо (З) на чекор до групите, Ц. Звезда ќе се „вади“ во Белград
СледноФоден и Палмер прогласени за најдобри во Премиерлигата за минатата сезона