Бронзената од Париз доби 3-месечна суспензија по навредите упатени кон судијата на ЛОИ

379

Дисциплинското тело на Меѓународната џудо федерација ја суспендираше шведската репрезентативка Тара Бабулфат, носителка на бронзен медал од ЛОИ во Париз ова лето, поради скандалозното однесување што го направи на полуфиналниот дуел со Нацуми Цунода од Јапонија.

Имено, во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, Тара Бабулфат се сретна со Цунода и дуелот заврши предвреме, како резултат на третото предупредување кое го доби Бабулфат. Според прописите, борбата беше прекината, што значеше и автоматски пораз.

Швеѓанката не можеше да се помири со оваа одлука, му пријде на судијата и очигледно незадоволна од одлуката почна да се расправа со него. Своето незадоволство од целата ситуација го изрази и со гласно исвиркување. Џудо федерацијата денеска ја суспендираше Швеѓанката на тримесечна делумна суспензија. Казната важи до 30 октомври, период во кој 18-годишната џудистка нема да може да учествува на натпревари или да тренира во странски кампови. Сепак, бронзениот медал нема да и биде одземен.

ПретходноСтеф Кари е убедливо најплатениот кошаркар во светот
СледноМиовски: Џирона ја одбрав затоа што ми одговара нивниот стил на игра