Германски допинг експерт за случајот Синер: Па и цел ден да го масирал, клостеболот немаше да го има на тестот

5840

Германскиот медицински експерт Фриц Сергел во интервју за германски „Спорт1“ го кажа своето мислење за скандалот со Јаник Синер и двата позитивни теста кои не беа санкционирани од страна на АТП.

“Ова ми смрди. Изговорот дека забранетата супстанца се апсорбирала преку кожата се користи во последно време. Ова е уште еден таков случај и Светската антидопинг агенција (ВАДА) мора да интервенира. ВАДА мора да интервенира, бидејќи ИТФ е членка на оваа организација, и тоа дури од 2003 година, што кажува се. Според мене, сето ова за Синер сè уште не е завршено. Клостебол е Клостебол и сам по себе води до суспензија од две до четири години. Тој веќе требаше да биде суспендиран, а во тенисот веќе се случи еден или двајца тенисери да бидат поштедени. Не гледам причина да не го суспендираат затоа што бил најдобар во светот. Каква врска има тоа. Сетете се на примерот на Бен Џонсон кој го загуби златото на Олимпијадата поради допинг. И таму дадоа пример. Не е важно дали е прв или не, зошто Синер да биде привилегиран?“, вели Германецот, додавајќи дека му било дадено „смешно“ објаснување за спрејот што ја содржел спорната супстанца.

„Дури и да го масира секој ден, мислам дека би било многу тешко клостеболот да влезе во телото во толкава количина за да биде откриен во самиот допинг тест“, дополни медицинскиот експерт.

ПретходноМареска и дефинитивно го „брка“ Стерлинг од Челзи
СледноПОТВРДЕНО: Конор Галагер е нов фудбалер на Атлетико (М)