Како што дознава „СпортСпорт“, Вардар не престанува со засилувањата во текот на овој летен преоден рок. Па така, според нашите сознанија, ново име во редовите на нашиот најтрофеен клуб е Јасмин Мециновиќ, искусниот дефанзивец од Беса, кој важеше за еден од клучните играчи на тимот од Добри Дол.
Секако дека ова е големо засилување за Вардар и стратегот Горан Петрески – Чунга кој и тоа како со квалитет ќе го засили својот ростер во дефанзивата.
Инаку Мециновиќ покрај Беса, во нашата ПМФЛ играл и за Струга ТЛ, Пелистер, Скопје, Ренова, Хоризонт Т, Македонија ЃП, а има и завидна интернационална кариера.