Шпанската Џирона го претстави македонскиог голгетер Бојан Миовски. Тој одговараше на прашања на новинарите во пресрет на дебито во Ла Лига и настапите во ЛШ со овој клуб.
Зошто баш Џирона?
„Не беше тешка одлука. Тоа е одлична шанса за мојата кариерата. Цел живот тренирам за ваква шанса и затоа не беше тешка одлука. За Џирона се одлучив поради нивниот стил на игра за кој мислам дека ми одговара. Исто така имаат добар тренер и играчи, се запознав со соиграчите, атмосферата е пријатна се почувствував како да сум долго време овде. Среќен сум и спремен сум да играм“, изјави Миовски.
Знаеме дека имаше одлична сезона зад себе, Џирона исто така имаше одлична сезона, игра во Ла Лига и во ЛШ, дали мислиш дека можеш да одговориш на предизвикот?
„Не се плашам од ништо. Чекав ваква шанса и спремен сум. Имам добри соиграчи, знам дека сум квалитетен и мислам дека ќе играм добро и исто така ќе станам уште подобар фудбалер. Шпанската лига е повеќе тактичка и има тука многу фудбал што многу ми се допаѓа“, додаде Македонецот.
За играњето во ЛШ.
„Тоа е сон на секој фудбалер. Се радувам на тоа. Имаме високи амбиции и тука сум да помогнам на тимот да биде подобар од лани“, заврши напаѓачот.
Колку голови ќе постигнеш?
„Што е можно повеќе“.
Roda de Premsa de presentació de BOJAN MIOVSKI, nou jugador del GIRONA FC https://t.co/UUFzZTBOwC
— Girona FC (@GironaFC) August 21, 2024