Младиот фудбалер на Работнички и младински репрезентативец на Македонија до 19 години, Стефан Ристовски направи нов чекор во развој на својата фудбалска кариера со тоа што се пресели во бугарскиот шампион во тимот на ЦСКА 1948 од Софија.
Од ЦСКА објавија дека донеле млад и надежен фудбалер од средниот ред во кој веруваат дека во иднина ќе биде од голема помош за тимот.
„Добредојде Стефан, ти посакуваме успех и среќа во црвениот дрес“, објавија од софискиот клуб.