Ноер, сепак, нема да игра на СП 2026 – стави крај на настапите за Германија

102

Германскиот голман Мануел Ноер објави дека се повлекува од играњето за германската фудбалска репрезентација. Претходно германски медиуми најавија дека Ноер ќе побара одмор од септемвриските квалификациски средби за Лигата на нациите и потоа да се врати и да игра на СП 2026 година но тоа нема да се случи.

Голманот на Баерн објави дека става крај на кариерата за Германија.

Заврши мојата кариера во германскиот национален тим. Одлуката не беше лесна, веќе 15 години играм за Германија. Секако, најважниот меч во кариерата ми беше победата над Аргентина на СП на Маракана“, изјави Ноер.

Им благодарам на сите тренери, соиграчи и фанови кои ме поддржуваа во текот на кариерата. Со задоволство го носев германскиот дрес“, додаде искусниот чувар на мрежата.

Последниот меч на Ноер за Германија беше поразот од Шпанија во четвртфиналето на ЕП 2024.

ПретходноОфицијално: Жоао Феликс во Челзи – договор до 2030 година
СледноМареска: Не работам со 42 играчи, туку сo 21, за другите не ми е гајле