Она што се најавуваше, сега е и официјално. Имено натпреварот од 3.коло во ПМФЛ меѓу Брера и Шкендија е закажан во вечерен термин и тоа од 20 часот (недела) на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица. Уште една можност за струмичани, како што беше тоа на средбата со Вардар од 1.коло, да уживаат во фудбалските возбудувања под рефлектори, кога временски услови се поподносливи за играње, но и за гледање фудбал.
Инаку во недела (25 август) се играат и останатите средби од ова 3.коло, но со почеток од 16 часот. Се среќаваат Шкупи – Вардар, Беса – Тиквеш, Работнички – Струга ТЛ, Пелистер – Силекс и Воска – Гостивар.