Изненадување од Чаир. Иако се шпекулираше со други имиња, сепак раководството на Шкупи се одлучи за шеф на стручниот штаб да го назначи Матија Мирков, кој досега беше тренер на голмани во клубот. Познат некогашен голман и познат тренер на голмани во други клубови.
Интересно, за прв помошник на Мирков е назначен Бобан Бабунски, додека во стручниот штаб ќе биде и Минас Османи.
Со ова чаирчани како да ја прекинуваат праксата да носат странски тренери, како што досега беше Ернест Ѓока, кој по кататстрофалниот старт на сезоната, освоен само еден бод на двата меча, заработи отказ.
Мирков како нов стратег на Шкупи, своето деби ќе го има против Вардар во големото градско дерби во недела на Чаир во рамките на 3.коло во ПМФЛ.