Неколку италијански медиуми објавија дека Пауло Дибала дефинитивно ја напушта Рома и следната дестинација е клубот Ал Кадсија од Саудиска Арабија. Аргентинецот прифатил тригодишен договор вреден 75 милиони евра по сезона, односи 20 милиони евра плата плус богати бонуси за исполнети цели.
Сега на ред е договор меѓу двата клуба.
Се очекува помала сума од 12-те милиони евра кои стојат како откупна клаузула од договорот. Се шпекулира дека Рома ќе добие три милиони евра, а со бонуси сумата би стигнала до пет милиони.