Вечерва се одиграа четири меча од плеј – офот од ЛШ, инаку ова беа први мечеви, следната недела се играат реваншите.
Како стојат работите се чини дека Салцбург и Спарта Прага си ја завршија работата уште вечерва.
Салцбург на гости кај Динамо Киев славеше со 0:2, стрелци на головите беа Нене и Кјергард.
Спарта Прага пак, исто на гости, го победи Малме со 0:2. Стрелци за тимот од Чешка беа Ларсен кој си постигна автогол и Ринес.
Митјиланд и Слован одиграа 1:1. Да потсетиме дека Слован во 1.квалификациско коло во ЛШ ја елиминира нашата Струга ТЛ.
Највозбудливо вечерва беше на средбата Јанг Бојс и Галатасарај, која на крајот заврши со 3:2 за домашниот тим.
Швајцарците со головите на Монтеиро поведоа со 2:0. Турците преку Батшуаи во второто полувреме израмнија на 2:2, за да во 86.минута од пенал преку Угриниќ, тимот на Јанг Бојс победи со 3:2.