Македонскиот фудбалски интернационалец Стефан Ристовски синоќа го одигра јубилејниот 150-ти меч во дресот на хрватскиот фудбалски гигант Динамо (З). За жал, на мечот од плеј-офот во Лигата на шампионите против екипата на Карабах, Ристовски се задржа само 21 минута на теренот, откако поради повреда мораше да ја напушти играта.
Ристовски во Динамо дојде во 2021 година, а во дресот на „модрите“ веќе освои осум трофеи од кои четири шампионски титули. Поради повредата здобиена на вчерашниот дуел Ристовски ќе биде надвор од терените извесен период.