Томче Гроздановски (24) не е веќе член на Работнички. Играчот за врска и некогашен младински репрезентативец и клубот од Дебар Маало спогодбено го раскинале договорот. Па така тој сега може да ја продолжи кариерата во друг клуб.
Се разбира дека раководството на Работнички официјално му се заблагодари на Гроздановски на досегашната соработка и му посака успеси во понатамошната кариера.
Инаку Гроздановски во Работнички дојде минатото лето.