Футсал: Форца со триумф на стартот од квалификациите во ЛШ!

218

Македонскиот претставник во Футсал прелиминарните квалификации во ЛШ, тимот на Форца, успеа да слави со 4:2 во првиот меч од групата – А, против Блу Меџик од Ирска.

Интересно беше на овој меч кој се играше во малата сала “Јане Сандански“ во Скопје.

Ирците поведоа со голот на Лукас во 4.20 минута, за да Исмаили израмни во 16.39 минута. Потоа Дандан не успеа да реализира најстрога казна за водство од 2:1. Ирците казни со гол за 1:2, за да Дандан со два гола успеа да направи пресврт за 3:2 за Форца. Точка на победата стави Петровиќ во финишот на мечот за конечни 4:2.

Форца утре против Ренџерс (Андора) го игра вториот меч од оваа група, а во сабота против Титоград веројатно ќе се решава победникот во групата.

ПретходноОхрид поразен од Целје!
СледноПлеј-оф во ЛШ: Салцбург и Спарта Прага убедливи на гости!