Шокантно: Гатузо во Хајдук зема 2,4 милиони евра годишно, а тренерот на Динамо четирипати помалку!

727

Од на ден се поголемо е незадоволството во Сплит, но и во фудбалска Хрватска за она што го прави Џенаро Гатузо како тренер на Хајдук. Доведен беше ова лето конечни да го дигне култниот клуб од Далмација во височини и тоа пред Динамо Загреб, а уште на почеток во квалификациите во ЛК беше елиминиран.

Уште повеќе има незадоволство откако се дозна, иако неофицијално, дека Италијанециот има договор со Хајдук вреден 2,4 милиони евра на годишно ниво. Тука не се сметаат бонусите, но и платите на неговите соработници.

Навистина фантастична сума ако се знае дека Гатузо во Милан земаше 2,5 милиони евра, а во Наполи само 2 милиони.

Колку за споредба. Во однос на Гатузо, тренерот на Динамо Загреб, Сергеј Јакировиќ зема 600.000 евра годишно или четирипати помалку од Гатузо.

Неверојатно.

ПретходноАврамовиќ не оди во НБА туку во ЦСКА Москва
СледноАјакс се засили со италијански дефанзивец од Јувентус