Дознаваме: Јасмин Мециновиќ е нов фудбалер на Вардар!

2576

Како што дознава „СпортСпорт“, Вардар не престанува со засилувањата во текот на овој летен преоден рок. Па така, според нашите сознанија, ново име во редовите на нашиот најтрофеен клуб е Јасмин Мециновиќ, искусниот дефанзивец од Беса, кој важеше за еден од клучните играчи на тимот од Добри Дол.

Секако дека ова е големо засилување за Вардар и стратегот Горан Петрески – Чунга кој и тоа како со квалитет ќе го засили својот ростер во дефанзивата.

Инаку Мециновиќ покрај Беса, во нашата ПМФЛ играл и за Струга ТЛ, Пелистер, Скопје, Ренова, Хоризонт Т, Македонија ЃП, а има и завидна интернационална кариера.

ПретходноМареска: Не работам со 42 играчи, туку сo 21, за другите не ми е гајле
СледноМладинскиот репрезентативец Стефан Ристовски се пресели во ЦСКА 1948