Ериксон со проштално видео: Немојте да жалите, смејте се, живејте го животот…

3340

 

Свен Горан Ериксон, поранешниот тренер, кој се бори со канцер уште од јануари. И самиот тој, на јавните настапи, призна дека не му преостанува уште многу време за живот, а сега испрати и проштална порака.

Во документарец на „Прајм видео“, Ериксон откри како го проживува сето ова.

„Имав добар живот. Мислам дека сите и понатаму се плашиме од сопствената смрт, но и тоа е дел од животот. Мораш да научиш тоа да го прифатиш. Се надевам дека на крајот луѓето ќе кажат – да, беше добар човек. А секако, тоа, нема да го кажат сите“, изјави Ериксон.

Тој порача дека се надева дека ќе го памтат како позитивен човек.

„Немојте да жалите, смејте се. Би благодарам на се. На сите тренери, на сите играчи, на сите навивачи. Беше фантастично. Грижете се за себе и за својот живот. И живејте го животот. Збогум“, порача Ериксон.

ПретходноВака изгледа обновениот стадион на Барселона вреден 1,5 милијарди евра
СледноОфицијално: Жоао Феликс во Челзи – договор до 2030 година