ПОТВРДЕНО: Конор Галагер е нов фудбалер на Атлетико (М)

100

Шпански Атлетико Мадрид на социјалните мрежи го објави трансферот на фудбалерот на Челзи, англискиот играч за врска Конор Галагер.

Претходно беше објавено дека англискиот играч за врска ќе потпише договор со „јорганџиите“ до летото 2029 година. Во медиумите се појавија и информации дека мадридскиот клуб ќе плати 40-45 милиони евра за Галагер.

Минатата сезона Галагер учествуваше на 50 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна седум гола и девет асистенции. Атлетико минатата сезона ја заврши на четвртото место во поредокот и заработи билет за Лигата на шампионите.

ПретходноГермански допинг експерт за случајот Синер: Па и цел ден да го масирал, клостеболот немаше да го има на тестот
СледноСтеф Кари е убедливо најплатениот кошаркар во светот