Македонскиот прволигаш Шкендија објави дека се разделува со левиот бек Алмир Реџепи. Самиот играч изразил желба за поголема минутажа, па тетовскиот клуб му даде слобода да ја смени средината.
Пред три години, Реџепи го потпиша првиот професионален договор со тетовските „црвено-црни“. Засега не е позната неговата следна дестинација.