Фоден и Палмер прогласени за најдобри во Премиерлигата за минатата сезона

135

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Филип Фоден ја доби наградата за најдобар фудбалер на годината во англиската Премиер лига во изборот кој традиционално го прави Асоцијацијата на фудбалери во Премиерлигата.

Минатата сезона во англиското првенство, 24-годишниот фудбалер учествуваше на 35 натпревари, на кои постигна 19 голови и осум асистенции. Вкупно, Фоден минатата сезона одигра 53 натпревари на кои постигна 27 голови и 12 асистенции, а Манчестер Сити стана шампион на Англија во сезоната 2023/2024.

В изборот на Асоцијацијата на фудбалери од Премиерлигата, наградата за најдобар млад фудбалер замина во рацете на фудбалерот на Челзи, Кол Палмер. Играчот од средниот ред на Челзи стана втор најдобар стрелец во Премиер лигата 2023/24 и исто така втор на листата на асистенции.

22-годишниот Англичанец ја освои наградата во конкуренција на Букајо Сака (Арсенал), Алехандро Гарначо и Коби Мејно (двајцата Манчестер Јунајтед), Мајкл Олисе (Кристал Палас) и Жоао Педро (Брајтон).

ПретходноАмерикански тенисер го нападна Синер: АТП го штити за да си ги спаси изворите на приходи!
СледноЏеф Безос за луди 6 милијарди долари ги купува Бостон Селтикс