Фото на денот: Миовски во дресот на Џирона!

342

Се разбира дека денеска топ-вест за нашата спортска јавност беше презентацијата на Бојан Миовски како нов член на Џирона. Клуб од Шпанија кој во претстојната сезона ќе игра и во Лигата на Шампионите. Македонскиот “бомбардер“ уште минатата недела потпиша за Џирона договор во траење од четири години, но денеска раководството на клубот го претстави официјално за јавноста и фановите своето големо засилување, трансфер вреден 10 млиони евра, со прес – конференција и фотосесија на Бојан на теренот на стадионот „Монтиливи“.

Нема што, убаво му стои дресот на нашиот напаѓач.

ПретходноНема крај на проблемите: И покрај заминувањето на Гундоган, Барса не може да регистрира нови играчи!
СледноОхрид поразен од Целје!