Новиот македонски прволигаш, Беса, денеска го претстави своето ново засилување. Станува збор за досегашниот фудбалер на тетовск Шкендија, Алмир Реџепи кој се врати во Беса и потпиша договор за следните две години.
Реџепи е талентиран дефанзивец, кој минатата сезона настапуваше за екипата на Шкендија.
„Убедени сме дека неговото искуство и квалитет значително ќе придонесат за зајакнување на тимот. Го поздравуваме Алмир Реџепи и му посакуваме успех во ова ново поглавје од неговата кариера со нас“, напишаа во пораката од Беса.