Артета подготвува спектакл за крај на преодниот рок: За 150 милиони евра доаѓаат две екстра засилувања?!

1047

Во Арсенал не се шегуваат. Сметаат дека оваа сезона конечно би требало да дојдат до титулата во Премиер-лигата и да го симнат од пиедесталот Манчестер Сити. Па така во летниот преоден рок го доведоа Рикардо Калафиори, кој беше хит на ЕУРО, дефанзивец од Болоња. Секако дека тој ќе биде големо засилување.

Но сега Микел Артета, барем според пишувањата на медиумите во Италија и Британија, подготвува спектакл за крај на преодниот рок.

Трансферот на Микел Мерино од Реал Сосиедад, инаку репрезентативец на Шпанија е готов. Останува само уште промоцијата.

Сега се оди по Виктор Осимен од Наполи, кој би дошол за 100 милиони евра и Лукман од Аталанта за 50 милиони евра. Со нив двајца, покрај Калафиори и Мерино, секако дека Арсенал би бил прв фаворит во битката за титулата во најсилната лига во светот.

ПретходноХимната на ЛШ во нова верзија, фановите гневни! (ВИДЕО)
СледноМамардашвили останува во Валенсија, а Столе не може да си оди!