Пауло Дибала нема да ја напушти Рома. Иако многу од медиумите во Италија пишуваа дека неговиот трансфер во Саудиска Арабија е реалност, Аргентинецот реши да ја одбие супер-профитабилната понуда на тамошниот нов прволигаш, екипата на Ал Кадсија.
Станува збор за понуда за тригодишен договор за вкупна сума од 75 милиони евра. Според инсајдерот Фабрицио Романо, Дибала се предомислил и решил да остане во Италија, одбивајќи ја понудата на саудискиот клуб.
Играчот го потврди ова со објавување на видео од најдобрите моменти во Рома, придружени со натпис: „Благодарам, Рома“. Се гледаме во недела“.