Голманот на белгиската фудбалска репрезентација и на Реал Мадрид, Тибо Куртоа изјави дека нема да игра за националниот тим се додека на селекторското место е Доменико Тедеско.
„Би сакал да упатам апел до белгиските навивачи и навивачите на нашата репрезентација. Чувствувам голема љубов и гордост што ја претставувам мојата земја, како и секој од вас на теренот. Горд сум што го носам репрезентативниот дрес. Дури и во моите најлуди соништа не можев да замислам дека можам да го направам ова повеќе од 100 пати. За жал, по настаните со селекторот и по многу размислување, решив да не се враќам во белгиската репрезентација под негово водство. Во ова прашање го прифаќам мојот дел од одговорноста“, напиша Куртоа на својот профил на социјалната мрежа.