Во изминатите 24 години или во 21 век се изнагледавме фудбалери, претежно дефанзици и дефанзивни играчи за врска, кои многу често добиваат жолти и црвени картони, како да се преплатени за тоа.
Имаше и такви кои како да не можеа без добиен картон на еден натпревар.
А рекордер е, погодувате, Серхио Рамос со 268 жолти и 29 црвени во кариерата или вкупно 297 картони. Оваа бројка може да биде зголемена зошто Шпанецот веројатно ќе одигра уште една-две сезони.
Инаку ова се ТОП -10 играчите со најмногу картони, секако дека се сметаат играчите кои играле во најсилните лиги во Европа:
ТАБЕЛА
1.Серхио Рамос (268 жолти + 29 црвени, вкупно 297)
2.Фелипе Мело (254 жолти + 25 црвени, вкупно 279)
3.Дани Алвеш (236 жолти + 14 црвени, вкупно 250)
4.Артуро Видал (226 жолти + 12 црвени, вкупно 238)
5.Пепе (210 жолти + 17 црвени, вкупно 227)
6.Серхио Бускетс (211 жолти + 4 црвени, вкупно 215)
7.Раул Гарсија (206 жолти + 8 црвени, вкупно 214)
8.Хавиер Маскерано (201 жолти +12 црвени, вкупно 213)
9.Скот Браун (203 жолти + 9 црвени, вкупно 212)
10.Чаби Алонсо (195 жолти + 6 црвени, 201)