Алмир Реџепи е ново засилување за Беса

222

Новиот македонски прволигаш, Беса, денеска го претстави своето ново засилување. Станува збор за досегашниот фудбалер на тетовск Шкендија, Алмир Реџепи кој се врати во Беса и потпиша договор за следните две години.

Реџепи е талентиран дефанзивец, кој минатата сезона настапуваше за екипата на Шкендија.

„Убедени сме дека неговото искуство и квалитет значително ќе придонесат за зајакнување на тимот. Го поздравуваме Алмир Реџепи и му посакуваме успех во ова ново поглавје од неговата кариера со нас“, напишаа во пораката од Беса.

ПретходноПанчо и Андреј од ДНК со специјално видео заедно со одбојкарите пред мечот со Грција! (ВИДЕО)
СледноШампионот на Саудиска Арабија се засили со уште една ѕвезда