Дефанзивецот на Торино, Раул Беланова и официјално е нов фудбалер на освојуачот на Лигата на Европа, екипата на Аталанта.
24-годишниот играч потпиша договор со тимот од Бергамо до 2029 година.
Фабрицио Романо објави дека Аталанта ќе плати 20 милиони евра плус бонуси за трансферот на италијанскиот фудбалер.
Сезонава дефанзивецот одигра еден натпревар за Торино, а минатата година настапи на 37 натпревари во Серија А, при што постигна 1 гол и 7 асистенции.