Ждрепка за УС Опен: Новак против Синер или Алкараз само во финале

245

Освојувачот на златниот медал на ЛОИ во Париз, Србинот Новак Ѓоковиќ ги избегна Јаник Синер и Карлос Алкараз како можни противници на претстојното издание на УС Опен се до финалето. Ждрепката која беше објавена денеска ги стави на една стрна Алкараз и Синер, а на другата Ѓоковиќ и Зверев.

Ѓоковиќ во првото коло на УС Опен ќе игра против квалификант, чие име ќе биде познато подоцна. Доколку успешно го започне турнирот во САД, олимпискиот шампион од Париз во второто коло ќе ги одмери силите со подобриот од неговиот сонародник Ласло Ѓере и Германецот Јан Леонард Штруф.

Против Русинот Рубљев би играл евентуално во четврфтиналето, а со Зверев во полуфиналето.

Во вториот дел од костурот се најдоа Шпанецот Карлос Алкараз и рускиот тенисер Данил Медведев, како и Синер кои сигурно нема да му бидат на патот на Ѓоковиќ до финалето.

ПретходноШампионот на Саудиска Арабија се засили со уште една ѕвезда
СледноКонфликт во редовите на Белгија: Куртоа нема да брани за репрезентацијата се додека Тедеско е селектор