Младата женска репрезентација на Македонија до 15 години кон крајот на август ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Романија.
Контролните натпревари ќе бидат одиграни на 24 и 26 август на тренинг центарот на Романија.
За дуелите со Романија повикани се следните фудбалрки:
Голмани: Евгенија Велјаноска, Ивана Милошевска
Одбрана: Рејхане Нухи, Никита Грбевска, Ангела Јанкуловска, Јана Бошковска, Ивана Лисолајска, Емилија Ивковиќ, Ива Георгиевска, Магдалена Иломаноска;
Среден ред: Елена Наумоска, Марија Велиновска, Ева Станчевска, Јана Бошковска, Христина Јорданова, Тамара Атанасовска,
Напад: Ангелина Јованоска, Ева Тодорчевска, Христина Јовановска, Глорија Тодорова;