Конфликт во редовите на Белгија: Куртоа нема да брани за репрезентацијата се додека Тедеско е селектор

527

Голманот на белгиската фудбалска репрезентација и на Реал Мадрид, Тибо Куртоа изјави дека нема да игра за националниот тим се додека на селекторското место е Доменико Тедеско.

„Би сакал да упатам апел до белгиските навивачи и навивачите на нашата репрезентација. Чувствувам голема љубов и гордост што ја претставувам мојата земја, како и секој од вас на теренот. Горд сум што го носам репрезентативниот дрес. Дури и во моите најлуди соништа не можев да замислам дека можам да го направам ова повеќе од 100 пати. За жал, по настаните со селекторот и по многу размислување, решив да не се враќам во белгиската репрезентација под негово водство. Во ова прашање го прифаќам мојот дел од одговорноста“, напиша Куртоа на својот профил на социјалната мрежа.

ПретходноЖдрепка за УС Опен: Новак против Синер или Алкараз само во финале
СледноГаздите на Формула 1 го купуваат Мото ГП шампионатот!