Мамардашвили останува во Валенсија, а Столе не може да си оди!

571

Непријатни вести за нашиот репрезентативен голман и нов член на Валенсија. Имено по се изгледа дека Македонецот во оваа сезона ќе биде втор голман во тимот од “Местаља“.

Грузиецот Гиорги Мамардашвили потпиша со Ливерпул, но е вратен во Валенсија на позајмица а Димитриевски навреме не ја активирал излезната клаузула, имено рокот истекол па затоа сега останува нашиот голман да се бори за својот статус во Валенсија.

Ова го пренесува “Марка“, а сето ова Столе мирно го прифатил.

Па така со ова завршува сагата околу голманската позиција во Валенсија со непријатен епилог за Столе.

ПретходноАртета подготвува спектакл за крај на преодниот рок: За 150 милиони евра доаѓаат две екстра засилувања?!
СледноПознатиот менаџер од Тетово ќе ја спасува честа на Барса!