Популарниот фудбалски интернет портал „Goal.com“ направи листа на најголемите трансферни промашувања во историјата на фудбалот. На прво место е трансферот на Усман Дембеле од Борусија Дортмунд во Барселона во 2017 година. „Каталонците“ за него дадоа дури 135 милиони евра, а тој одигра 185 натпревари постигна 40 гола и направи 43 асистенции, но во поголем дел од престојот се лекуваше од повреди.
Минатото лето тој замина во ПСЖ.
ТОП 10 НАЈЛОШИ ТРАНСФЕРИ СПОРЕД „GOAL.COM“
1. Усман Дембеле (Франција) – од Борусија Дортмунд во Барселона, 135 милиони евра (2017)
2.Еден Азар (Белгија) – од Челзи во Реал Мадрид, 120 (2019)
3.Филипе Кутињо (Бразил) – од Ливерпул во Барселона, 135 (2018)
4.Пол Погба (Франција) – од Јувентус во Манчестер Јунајтед, 105 (2016)
5.Ромелу Лукаку (Белгија) – од Интер во Челзи, 113 (2021)
6.Жоао Феликс (Португалија) – од Бенфика во Атлетико Мадрид, 127 (2019)
7.Николас Пепе (Брегот на Слоновата Коска) – од Лил во Арсенал, 80 (2019)
8.Хари Мегваер (Англија) – од Лестер во Манчестер Јунајтед, 87 (2019)
9.Антоан Гризман (Франција) – од Атлетико во Барселона, 120 (2019)
10.Алваро Мората (Шпанија) – од Реал Мадрид во Челзи, 66 (2017)