Нотингем се пофали со Алекс Морено, Вест Хем го потпиша Канте…

544

Неколку трансфери во англиската Премиер лига се случија во текот на денешниот ден. Нотингем Форест го реализираше трансферот на бекот Алекс Морено кој доаѓа од Астон Вила.
31-годишниот Шпанец доаѓа на едногодишна позајмица со тоа што „Шумарите“ имаат предност во купување на овој фудбалер.
И Вест Хем си има свој Канте, но не оној Нголо. Се работи за 18-годишниот Мохамаду Канте од ФК Париз во Лига 2. Трансферот изнесува нешто помалку од 1 милион евра. Играчот потпиша петгодишен договор.
Но Канте ќе биде испратен на едногодишна позајмица во Париз, а потоа ќе се врати во Вест Хем.
А Фулм го реализираше трансферот на Сандер Берж од Барнли. Норвежанецот потпиша петгодшен договор со опција да биде продолжен на уште една.Неофицијално трансферот изнесува 23,5 милиони евра.

ПретходноСерхио Рамос е рекордер: Ова се ТОП – 10 играчи со најмногу картони во 21 век!
СледноСалцбург се засили со играч од Ливерпул за 12 мил.евра