Општина Кавадарци го превзема КК Еуро Никел

362

Општина Кавадарци донесе одлука за отпочнување на постапка за превземање на кошаркарскиот клуб Еуроникел 2005. Компанијата која досега беше сопственик на акциите е во стечајна постапка, па поради тоа општината реши да го преземе финансирањето и водењето на КК Еуроникел.
Потврда за ова испрати градоначалникот Митко Јанчев.
Денес Советот на Општина Кавадарци донесе Одлука за отпочнување постапка за превземање на МКК Еуро Никел 2005 АД Кавадарци. Со оваа одлука Советот на Општина Кавадарци дава согласност за отпочнување на постапка за превземање на машки кошаркарски клуб Еуро Никел 2005 Акционерско друштво Кавадарци во целост без надомест, во 100 % сопственост на Општина Кавадарци со обврски во моментот на превземањето. Причина е тоа што врз основачот на МКК Еуро Никел 2005 АД Кавадарци покрената е стечајна постапка“.

ПретходноАталанта одбила 50 милиони евра од Јунајтед за Едерсон
СледноВо знак на протест намерно ги промашија сите пенали во пенал-рулетот! (Видео)