Охрид 2024: Алкалоид со пресврт до победа и над Олимпијакос

209

Со пресврт во второто полувреме, екипата на Алкалоид оствари победа над грчки Олимпијакос во последниот денешен меч на Меморијалниот турнир „Крсто Андоновски“ во Охрди. Освојувачот на Купот на Македонија славеше со 28:26 и е на чекор до пласман во финалето.

Олимпијакос одигра подобро прво полувреме и успеа да направи предност од два гола (12:14), но во вториот дел алкалоид покажа одличен ракомет и успеа да се врати во игра до конечна победа. Сега на Алкалоид му треба само уште еден бод од мечот со Ловќен во последното коло за сигурно финале.

Претходно, ракометарите на Целје ја остварија втората победа откако успеаја прилично лесно на крајот да слават против белградски Партизан со 32:26. Со оваа победа Целје се израмни со Вардар на врвот во групата.

Во вториот меч одигран вечерва Динамо Панчево славеше над Ловќен со 33:25. Оваа победа на српскиот состав му го носи третото место во групата.

ПретходноФорца ја оствари и втората убедлива победа во футсал Лигата на шампионите
СледноБеланова е нов дефанзивец на Аталанта