Панчо и Андреј од ДНК со специјално видео заедно со одбојкарите пред мечот со Грција! (ВИДЕО)

300

Популарното музичко дуо, ДНК, потпочно Панчо и Андреј денеска подготвија специјално видео со нашата машка одбојкарска репрезентација за претстојниот квалификациски меч кој нашите одбојкари в недела ќе го одиграат со селекцијата на Грција.

Одбојкарската федерација на Македонија на почетокот на оваа недела најави дека влезот во салата ќе биде слободен, па Панчо и Андреј заедно со нашите одбојкари ги покануваат сите искрени љубители на одбојката и спортот в недела да дојдат во „Јане Сандански“ и со својата громогласна поддршка да им дадеме „ветер в грб“ на нашите одбојкари да ја остварат посакуваната победа која уште по ова 2. коло од квалификациите може да ја однесе Македонија на завршницата на уште едно Европско првенство.

„За кого? За МАКЕДОНИЈА!“

ПретходноПо Давид Нерес, Наполи го договорил и Били Гилмор
СледноАлмир Реџепи е ново засилување за Беса