По Давид Нерес, Наполи го договорил и Били Гилмор

95

Неколку италијански и англиски медиуми информираат дека Наполи и Брајтон се договориле за трансфер на фудбалерот Бил Гилмор на југот на Италија. Претставници на Наполи неколку пати зборувале со колегите од Брајтон околу овој трансфер и се чини ќе биде завршен па после Давид Нерес од Бенфика, Наполи ќе добие уште еден нов играч.
Трансферната сума ќе изнесува околу 18 милиони евра со вклучени бонуси.

Гилмор играл во младинските школи на Ренџерс и на Челзи. За првиот тим на Челзи дебитирал во 2019 година, но потоа заминал на позајмица во Норвич. Во Брајтон е од 2022 година.
Тој е шкотски репрезентативец, има 23 години и 30 настапи за националниот тим.

ПретходноОд Милан потврдија: Нема шанси Леао да оди во Барселона
СледноПанчо и Андреј од ДНК со специјално видео заедно со одбојкарите пред мечот со Грција! (ВИДЕО)