Ракометарите на Пелистер отпатуваа за Турција каде викендов ќе учествуваат на “Купот на Пријателство“! (ФОТО)

142

Ракометарите на Еурофарм Пелистер отпатуваа за Турција, каде викендов ќе учествуваат на „Купот на Пријателство“. Заедно со македонскиот шампион овој подготвитетелен турнир ќе го збогатат уште три респектабилни екипи. Во полуфиналето в петок од 18:00 часот Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Чеховски Медвеви, а ден подоцна во зависност од исходот, ќе игра со Мешков Брест или АЕК Атина.

Натпреварите ќе се играат во турскиот град Болу.

Секако дека ова ќе биде уште една убава контрола за битолчани во пресрет на стартот на сезоната во која тие имаат големи амбиции на домашната сцена, а повторно ќе играат и во Лигата на Шампионите.May be an image of text

ПретходноАтлетико Мадрид си направи шоу од презентацијата на летните засилувања! (ФОТО)
СледноНавивајте за Македонија за 200 и 400 денари!