Салцбург се засили со играч од Ливерпул за 12 мил.евра

1794

Aвстриски Салцбург кој е познат како креатор на фудбалери кои потоа ги продава за високи суми, овојпат реши да се засили со играч од „големите“. Салцбург даде 11,8 милиони евра за играчот од средниот ред на Ливерпул, Боби Кларк.
Тој играл за младите категории на Бирмингем, Њукасл, како и Ливерпул. За првиот тим одиграл шест натпревари, а клубот од „Енфилд“ му даде можност да се развива во Австрија.
Тој е младински репрезентативец на Англија до 19 години.

Ова лето Салцбург продаде неколку играчи, најзвучни имиња се Страхиња Павловиќ кој отиде во Милан за 18 милиони евра, потоа Лука Сучиќ во Сосиедад за 10 милиони и Аманквах Форсон од Норвиќ за 4,5 милиони евра.
А освен Кларк во клубот дојде Такуму Кавамура од Хирошима за 1,5 милиони евра.

ПретходноНотингем се пофали со Алекс Морено, Вест Хем го потпиша Канте…
СледноНајлошите трансфери во историјата на фудбалот