Славната Американка предвидува крај на кариерата на Ноле уште по УС Опен?!

792

Крис Еверт, една од најдобрите тенисерки во историјата предвидува крај на кариерата на Новак Ѓоковиќ многу бргу. Според неа тоа би се случило веднаш по завршувањето на УС Опен, кој се игра од 26 август до 8 септември.

Тоа би било бајка. Новак ако го го освои УС Опен ќе дојде до својот 25-ти гренслем трофеј, ќе ја мине и Маргарет Корт и тогаш слободно може да оди во пензија како најголемиот во историјата. Тој и сега е тоа откако го освои златниот медал на ЛОИ во Париз. Ама со 25-тиот освоен гренслем тоа ќе биде голем подвиг. Еве, од мене има дозвола да каже доста е. Новак направи големи работи, посебно во време кога се сметаше дека е „лош“ дечко во однос на Рафа и Роџер. Јас верувам во карма и затоа сметам дека сите убави работи што му се случуваат сега тој и тоа како ги заслужи“ рече покрај другото славната Американка.

ПретходноПлеј-оф во ЛШ: Салцбург и Спарта Прага убедливи на гости!
СледноХимната на ЛШ во нова верзија, фановите гневни! (ВИДЕО)